Завршната активност на проектот „Градиме мостови, а не ѕидови“ во кој учествуваат основните училишта „Лиман Каба“ од Љуботен и „Аврам Писевски“ од Бардовци ќе се одржи денеска во Општина Бутел.
На настанот, како што најави Општина Бутел, ќе присуствуват министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменикот на градоначалникот на Општина Бутел, Наим Салиев.