Во Скопје денеска ќе биде одржан состанок на фокус групата како дел од проектот „Помош на рутата – подобрување на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил во Македонија и Србија“, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Целта на одржувањето на фокус групата е да се обезбедат детални наоди за почитувањето на правата на бегалците и барателите на азил во Република Македонија, како и медиумската покриеност и известувањето за бегалската криза. Фокус групата ќе ја модерира Сибел Амет, правен советник и истражувач во проектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 16:22