Википедија на македонски јазик, по втор пат, го организира фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“, посветен на храната, традиционалните јадења и специјалитети во Македонија и ширум светот.

Право на учество имаат сите кои ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на Википедија на македонски јазик или Заедничката Ризница (Wikimedia Commons) при што сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 ноември 2018 во 0:00:00 часот и 30 ноември 2018 г. во 23:59:59 часот.

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди во две групи на фотографии со професионален и аматерски квалитет, и тоа:

За слики со професионален квалитет:

1) Прва награда – денарска противвредност во бруто износ од 400 евра 2) Втора награда – денарска противвредност во бруто износ од 200 евра 3) Трета награда – денарска противвредност во бруто износ од 100 евра

За слики со аматерски квалитет: 1) Прва награда – денарска противвредност во бруто износ од 200 евра 2) Втора награда – денарска противвредност во бруто износ од 100 евра

Повеќе детали за правилата на учество, видео-упатство за прикачување слики, пријавување, список на традиционални македонски јадења кои може да ги сликате и информации за останатите активности во рамки на натпреварот погледнете на следниот ЛИНК.

Формулар за пријавување учество на следниот ЛИНК.

Редовни известувања за новости, активности во текот на одржувањето на натпреварот и свечениот настан за доделување на наградите може да се погледнат на страницата на фејсбук Вики ја сака храната како и на настанот на фејсбук насловен: Фотографски натпревар „Вики ја сака храната“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 19:43