Хуманитарен базар ќе се одржи во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош" на 6 ноември, како дел од активностите по повод денот на општина Карпош.

На хуманитарниот базар ќе учествуваат група креативни наставници (ракотворци) и занаетчии кои ќе се претстават со нивните уникатни ракотворби (филиграни, изработки од срма, производи со декупаж-техника и сл.). Ќе бидат застапени и производи од органско потекло.

Целта на базарот е оживување на веќе изумрените занаети, доближување на учениците и откривање на значењето и важноста на народното творештво, просвета и култура.

Собраните средства ќе бидат наменети за уредување на училишниот двор.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:14