Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко денеска изврши увид на активностите за изградба на кружен тек во Технолошко индустриската развојна зона.

Проектот е инвестиција на Владата на Република Македонија во вредност од околу два милиони евра, а се реализира на барање на општина Струга.

– Ова е битен проект за Струга, бидејќи ќе овозможи влез во градот преку надвозник и градскиот собраќај ќе се одвива преку туристичкиот пат наместо по регионалниот, соопшти општинската прес-служба.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:16