Рудникот „Саса” ги реконструираше спортските терени лоцирани во основното училиште „Миле Јанески Џингар” од Македонска Каменица со што на младите, спортистите и граѓаните им овозможи повторно да спортуваат, да рекреираат и да се дружат.

Со реконструкцијата беа поставени 800 метри квадратни специјална „спуртон” подлога, современи кош-конструкции, а се уреди и игралиште за мини фудбал и терен за популарниот тенис со нога.

Оценувајќи ја инвестицијата како важна за развојот на младите и спортистите во градот и неговата околина, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во своето обраќање при пуштањето на новите спортски терени, упати благодарнст до рудникот „Саса” што ја препознал потребата и ги одвоил неопходните средства за реконструкција на спортските терени.

Од име на менаџментот и вработените во компанијата, генералниот директор на рудникот „Саса”, Олег Телној искажа задоволство од успешната реализација на овој проект што бил еден од најважните приоритети за младите, за спортските клубови и за сите жители на Македонска Каминица кои го сакаат спортот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:27