Британската полиција денеска соопшти дека започнала истрага за наводниот антисемитизам внатре во опозициската Лабуристичка партија, чие раководство се соочува со критики за начинот на кој се занимава со приговорите на еврејските здруженија.

Лондонската полиција соопшти дека нејзината директорка, Крешида Дик, во септември добила документ со наводни докази за антисемитски кривични дела.

-Стручни лица ја проучија содржината. Почна кривична истрага за некои од наводите во таа документација, се вели во соопштението на полицијата.

Дик изјави дека тврдењата се однесуваат на „онлајн” кривични дела.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:35