Патниците на најголемата европска нискотарифна авионска компанија „Рајанер" веќе нема да можат бесплатно во авион да понесат рачен багаж со тежина до десет килограми, согласно новата политика.

Според вчера воведените нови правила, патниците кои сакаат да внесат што и да е поголемо од „мала рачна торба" ќе мора дополнително да платат освен ако не спаѓаат во категоријата патници со приоритетно влегување во авионот. Приоритетното влегување чини шест евра, а останатите патници кои не ја избрале таа опција ќе мора да платат десет евра за дополнително парче рачен багаж.

Новата политика предизвика гнев на социјалните мрежи и дел од клиентите на таа авионска компанија напишаа дека веќе никогаш нема да летаат со „Рајанер".



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:42