На портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт и е понудено местото амбасадор на САД во ОН, информира неименуван официјален претставник на Белата куќа.

Не е познато дали Нојерт ја прифатила номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ако биде официјално номинирана, а потоа нејзината номинација биде потврдена во Сенатот, Нојерт ќе ја наследи Ники Хејли, која во септември најави заминување од функцијата на крајот на годината.

Нојерт е поранешна водителка и новинарка на телевизијата Фокс Њуз, а портпаролка на Стејт Департментот стана во април 2017 година и работеше за двајца државни секретари во администрацијата на Трамп, Рекс Тилерсон и Мајк Помпео.

Фокс Њуз јави дека претходно оваа година Нојерт е „назначена за функцијата потсекретар за јавна дипломатија и односи со јавноста”.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:48