Саудискиот принц Мохамед Бин Сaлман изјави дека според него убиениот новинар Џамал Кашоги бил опасен исламист.

Во телефонски разговор со зетот на претседателот на САД, Џаред Кушнер и советникот за национална безбедност Џон Болтон, принцот изјавил дека Кашоги бил член на „Муслиманско братство“. Овој разговор бил воден на 9 октомври, седум дена откако исчезна новинарот, пишува „Вашингтон пост“. Саудиска Арабија ги негираше извештаите на „Вашингон пост“ и „Њујорк тајмс“ за овој разговор.

Семејството на Кашоги негираше дека тој бил член на „Муслиманско братство“.

– Џамал Кашоги не беше опасна личност на кој и да е начин. Да се тврди поинаку е лудост, се наведува во изјавата на неговото семејство.

Останките на Кашоги сè уште не се пронајдени.

Неговата свршеница, Хатиџе Ченгиз, преку Гардијан и Вашингтон пост ги повика светските лидери да ги “донесат сторителите пред лицето на правдата”.

Саудиска Арабија негираше дека кралското семејство е вмешано во убиството истакнувајќи дека се “одлучни да се дознаат сите факти”.

На крајот од минатиот месец, принцот Мохамед рече дека “овој криминален чин криминалот е болен за сите Саудијци”.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:50