Бразил ќе го следи американскиот пример и ќе ја пресели својата Амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, соопшти новоизбраниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

По вчерашната изјава за израелски весник, Болсонаро на Твитер потврди дека ќе ја премести бразилската амбасада во Ерусалим, согласно заложбите изнесени за време на претседателската кампања.

„Израел е суверена држава и ние во целост ќе го почитуваме тоа“, напиша тој на Твитер.

САД ја пресели својата Амбасада во Ерусалим во мај, предизвикувајќи го гневот на Палестинците и клучните муслимански лидери. Гватемала и парагвај го следа примерот, но Парагвај подоцна ја поништи мерката по стапувањето на должност на Марио Абдо Бенитез на претседателската функција во август.

Израел ја поздрави одлуката на Бразил.

„Му честитам на мојот пријател, избраниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, на неговата намера да ја пресели Амбасадата на Бразил во Ерусалим. Историски, правилен и возбудлив чекор“, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 20:55