Подолг и посеопфатен состанок на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, би можел да биде одржан на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, најави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека пократка средба помеѓу Путин и Трамп ќе има во Париз на 11 ноември, на прославата на стогодишнината од завршување на Првата светска војна.

Долг и сеопфатен (состанок) ќе има на Самитот на Г-20 и кратка (средба) во Париз, наведе Ушаков.

Самитот на Г-20 (19 најразвиени земји во светот и Европска унија) ќе се одржи во Буенос Аирес од 30 ноември до 1 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 21:04