Марко Верати завршил во полициска станица, каде минал цела ноќ, откако е фатен како вози во алкохолизирана состојба. Поради тоа му се заканува и одземање на возачката дозвола, а го очекува казна и од ПСЖ, чиј член е Италијанецот.
На италијанскиот фудбалер при полициска контрола му се измерени 0,49 промили алкохол во крвта, наспроти дозволените 0,20 согласно францускиот закон.
Откако ноќта ја минал во полициска станица, утрото трезен е ослободен. Според француските закони му се заканува одземање на возачката дозвола. Од ПСЖ истакнаа дека дополнително ќе има реакција и од нивна страна откако ќе ги добијат сите детали за однесувањето на нивниот фудбалер.