Не е вистина дека во Гази Баба ќе се гради нова фабрика за тешка индустрија во рамки на комплексот Железара, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Борис Георгиевски.

Посочи дека самиот опфат согласно ГУП-от, што е на важност до 2021 година предвидува и таква намена, но оти вистината е сосем поинаква.

– Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4 кои се однесуваат на лесна и не загадувачка индустрија. Исто така во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4 кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти. Место за паника нема, граѓаните да бидат спокојни во општина Гази Баба нова фабрика за тешка индустрија нема да се гради, изјави Георгиевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 00:28