Германското издание „Шпигел“ објави нови скандалозни откритија од светот на фудбалот, кои, ако се вистинити, се на пат да предизвикуваат сериозен потрес. Се работи за 18,6 милиони тајни документи што изданието ги има добиено од „Фудбал Ликс“.

Веќе седум месеци, на нив работат 60 новинари од 12 земји.

Првото сегашно откритие е поврзано со желбата на доста од европските фудбалски гиганти да се одделат во сопствено првенство – Супер лига, која ќе стартува во 2021 година. Ако овој проект се реализира, тоа ќе значи крај на постоењето на Лигата на шампионите.

Според „Фудбал Ликс“, планот е тоа да биде лига од 16 клубови, меѓу кои се Баерн (Минхен), Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Милан, Челзи, Манчестер Сити, Ливерпул, ПСЖ и Јувентус.

Кон овие 11 тима, кои се водат како главна движечка сила на идејата, би се додале Атлетико Мадрид, Борусија (Дортмунд), Марсеј, Рома и Интер.

Во 2016 година, раководството на Баерн ја разгледувалo идејата со другите тимови, но сè беше чувано во тајност. Освен тоа, адвокатите на Баварците проучувале легален начин за излез од Бундеслигата, како и начин да ги запираат своите играчи да настапуваат во натпревари за националниот тим на Германија.

Првите чекори биле направени од шефот на правниот тим на Баерн, Михаел Герлингер, кој не е познат од пошироката јавност, но се зборува дека веќе 10 години наваму, Карл-Хајнц Румениге не донел решение, без да се консултира со него.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 00:49