Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека Јемен може да се соочи со „најстрашната глад што сме ја виделе со децении“ и ги повика непријателските земји на арапската држава да го прекинат насилството.

Гутереш изјави денеска пред новинарите дека „итноста на хуманитарната криза не остава простор за задоволство“ и дека треба да се искористи моментот за постигнување мир.

Генералниот секретар ја повика коалицијата предводена од Саудиска Арабија и шиитските бунтовници да „ги надминат бариерите и да ги решат нивните разлики“ на претстојната средба со посредство на ОН, закажана за крајот на овој месец.

Гутереш наведе и дека земјите во конфликтот треба да дозволат трговски и хуманитарен увоз на храна, гориво и други основни потреби.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 01:20