Куба ја осуди најавата на американската администрација дека ќе воведе нови санкции кон земјата, но нагласи дека е отворена за разговори со Вашингтон.

Американскиот советник за националната безбедност Џон Болтон ги нарече Куба, Венецуела и Никарагва „тираниска тројка“, истакнувајќи дека трите земји преставуваат „деструктивни сили на угнетувањето, социјализмот и тоталитаризмот“. Тој додаде дека таа тројка „конечно наиде на тврд орев“ кај американската администрација.

Кубанскиот дипломат Карлос Фернандес де Косио изјави дека Куба „силно го отфрла јазикот и вулгарностите што ги употреби Болтон во своето изразување.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 10:53