Едно лица загина, а едно се води за исчезнато откако се сруши зграда во рамки на складиштето на компанијата „Амазон“ во американскиот град Балтимор, соопшти денеска локалната противпожарна служба.

– Ѕид во висина од 35 метри се сруши во невремето од силната бура, изјави шефот на противпожарната служба Роман Кларк.

При падот на ѕидот оштетен е и камион кој се наоѓал пред објектот, а срушен е и столб за електрично осветлување.

Националната метеоролошка служба претходно предупреди на силно невреме во таа област.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 10:57