Општина Пробиштип ќе биде првата општина во источниот регион, која ќе ги менува навиките на граѓаните и од ѓубрето ќе прави компост. Проектот „Био отпад“ е финансиран од Европската Унија и е вреден 277.000 евра, кој треба да овозможи технички услови за копмостирање на органскиот отпад.

Општина Пробиштип е домаќин на третата конференција поврзана со имплементацијата на проектот БИООТПАД. Во присуство на проектните тимови од сите пет проектни партнери вклучени во овој проект, Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, ја отвори конференцијата.

Во рамки на дискусијата беа презентирани придобивките кои општината ќе ги има со целосната имплементација на проектот. Пробиштип ќе биде прва општина во државата која раководи и имплементира ваков проект.

„Со овој проект во вредност од 280.000 евра ќе се инсталираат компостерски единици за биоотпад, домаќинствата вклучени во проектот ќе добијат канти и разградливи вреќи за селектирање на отпадот од кој ќе се добива висококвалитетн компост, а од друга страна ќе се придонесе за значително намалување на отпадот на територија на нашата општина.“ - велат од Општина Пробиштип.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 19:30