Иран почна масовно производство на борбени авиони од типот „Ковсар“, конструиран во таа земја, јави денеска државната телевизија.

– Наскоро ќе биде произведен потребниот број од овие авиони и тие ќе бидат ставени во служба на Воздухопловните сили, изјави иранскиот министер за одбрана Амир Хатами на церемонија по повод почетокот на производството на авионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 20:20