Еден американски војник денеска е убиен, а друг е повреден во Кабул при напад, најверојатно извршен од страна на авганистански борец од меѓународната коалиција, соопшти мисијата на НАТО во Авганистан, „Решителна поддршка“.
– Според првичните податоци, напаѓачот бил војник на одбранбените и безбедносните сили на Авганистан, се наведува во соопштението.