Осум ученици од Општинско основно училиште „ Димитар Влахов“ утре заминуваат во градот Троген во Шавјацарија, каде по петти пат ќе бидат дел од проект, во чии рамки ќе учат за детските права.

Надлежните од ова училиште појаснуваат дека целта е зајакнување на знаењата и вештините на децата и младите за примена на детските права. Во швајцарскиот град Троген ќе престојуваат две недели, заедно со ученици и од Дебар, Гостивар, Битола и Кавадарци.

–Верувам дека за време на мојот престој во Швајцарија ќе запознаам повеќе дргарчиња, но и ќе научам повеќе за нашите детски права, вели Драгана Саздова ученик во ООУ „Димитар Влахов“-Штип.

Проектот и организацијата е на Детската фондација „Песталоци“ од Скопје, а во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за образование и коалицијата СЕГА.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2018 13:14