Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека идејата за создавање на Суперлига е добра и дека за учесниците тоа ќе донесе повеќе финансиски бенефиции, а помалку натпревари.

Звучи добро, многу добро, бидејќи во таков случај ќе имаме многу помалку натпревари и многу повеќе пари, изјави Клоп. Пред два дена, германски „Шпигел“ објави напис дека 16 врвни европски екипи планираат да формираат ново независно од УЕФА натпреварување – Суперлига.

Ливерпул во вторник и гостува на Црвена звезда во Белград во рамките на 4.коло од Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2018 15:52