Прелиминарните резултати од денешниот референдум за независност во Нова Каледонија покажуваат дека повеќето гласачи гласале за сочувување на врската со Франција.
Според резултатите од 202 од вкупно 284 избирачки места,против независност од Франција гласале 60 отсто од граѓаните на таа француска прекуморска територија во Тихиот океан, соопшти Канцеларијата на високиот комесар на Франција.
Наскоро треба да бидат познати и конечните резултати, а предвидено е францускиот претседател Емануел Макрон да се обрати во врска со иднината на оваа територија и нејзиниот избор. Досега се преброени 123.000 гласови. На референдумот беа повикани 174.000 гласачи за да одговорат на прашањето: „Дали сакате Нова Каледонија да стекне целосен суверенитет и да стане независна?”
Нова Каледонија е, од средината на 19-тиот век, е територијата на Франција. Во неа живеат околу 270.000 луѓе.
Одѕивот на денешниот референдум беше толку голем што некои избирачки места во Нумеа, главниот град на Нова Каледонија, мораа да останат отворени еден час подолго од планираното, поради долгите редици на луѓе кои чекаа да гласаат, се вели во соопштението на Канцеларијата.