Напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао смета дека навивачите со право се лути на тимот. Монако нема победа на 14 натпревари во низа во сите турнири.

На последниот меч од Лига 1, Монако изгуби од Ремс со 1:0.

– Ситуацијата е многу комплицирана. Фановите се загрижени за секој натпревар. И сосема е нормално што се лути. Имаме сила и квалитет да ја свртиме ситуацијата и да се вратиме на патот на победите. Тоа е многу важно за сите нас, изјави Фалкао.

Монако по 12 натпревари во Францускиот шампионат има само седум бода и се наоѓа на дното на табелата. Шампионот од пред две години има само една победа, четири нерешени средби и седум порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2018 17:35