Германскиот шампион Баерн Минхен одигра нов неубедлив натпревар под водство на Нико Ковач. Баварците направија кикс во својот домашен натпревар во Фрајбург, кој извлече бод во последните минути. Баерн поведе во 80-тата минута со првиот гол на Серж Гнабри за клубот, но во 89-тата минута Лукас Холер ги уништи надежите на шампионите.
Тоа беше единствениот прецзиен удар за Фрајбург во натпреварот. Погрешниот чекор го остави Баерн на четири поени од врвот, каде што со 24 е Борусија Дортмунд. „Жолто-црните“ го зголемија водството откако победија со 1-0 како гостин во Волфсбург. Единствениот гол во мечот беше постигнат од капитенот Марко Ројс во 27-та минута.
По една недела, на програмата е големото дерби помеѓу Борусија и Баерн. Резултати од Бундеслигата:
Баер Леверкузен 1 – 4 Хофенхајм Баерн Минхен 1 – 1 Фрајбург Аугсбург 2 – 2 Нирнебрг Шалке 04 3 – 1 Хановер 96 Волфсбург 0 – 1 Борусија Дортмунд