Вејн Руни ќе ја прекине за кратко репрезентативната пензија и во ноември ќе го одигра прошталниот натпревар од англискиот национален состав. Мечот против селекцијата на САД ќе биде официјално збогување на стрелецот на рекордни 53 гола за Англија. 33-годишниот Руни, последен пат за тимот на „гордиот Албион“ играше во ноември 2016 година во победата над Шкотска од 3-0.
Средствата собрани од натпреварот ќе одат во „Вејн Руни фондацијата“ која се занимава со хуманитарна работа. Руни ќе ја носи капитенската лента на дуелот.
Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед ја заврши сезоната во МЛС лигата откако неговиот ДЦ Јунајтед беше елиминиран во првото коло од плеј-офот и тоа бидејќи Руни промаши пенал.
Вејн Руни беше дел од англиската фудбалска репрезентација цели 13 години, од 2003 до 2016 година, запиша вкупно 119 настапи и стана рекордер по бројот на постигнати голови во дресот со националниот грб.