Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека следната недела ќе се сретне со висок претставник на Северна Кореја.

Помпео во интервју за „Фокс њуз“ рече дека во Њујорк ќе се сретне со висок претставник, кој се смета за „десна рака“ на севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун.

Тој рече дека не е загрижен поради изјавите на Пјонгјанг дека размислува да се врати на својата стратегија за развој на нуклеарната енергија, бидејќи Американците не прават отстапки за возврат.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2018 18:54