Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов и градоначалникот на општина Свиштов, Република Бугарија Генчо Генчев на денешната средба во Дојран потпишаа меморандум за соработка.

Градоначалникот Ангов посочи дека со договорот покрај продлабочувањето на соработката општина Дојран, како што истакна, ќе добие зголемена промоција на бугарскиот пазар и воопшто граѓаните од двете општини во иднина ќе добијат подобри туристички понуди.

Градоначалникот на општина Свиштов, Генчо Генчев изрази задоволство од посетата на Дојран. Тој целосно се согласи двете општини да ја прошират соработката во сите сфери од заеднички интерес и го покани градоначалникот Ангов да ја возврати посетата на Свиштов во Република Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 00:35