Личните предмети на астронаутот Нил Армстронг, првиот човек кој беше на Месечината, се продадени на аукција за повеќе од 7,4 милиони долари.

Аукциската куќа Херитиџ во Далас соопшти дека по највисока цена, од 468.000 долари, е продадена неговата идентификациска значка со лунарен модул Аполо 11.

Дел од пропелерот и дел од крилото на авионот на браќата Рајт се продадени по 275.000 долари. Првото одело на Армстронг за летање, кој го носел во мисијата во 1966 година, е продадено за 109.375 долари.

Освен тоа, на посебна аукција, продадена е златната авијатичарска кацига на Џон Глен, првиот Американец кој ја прелета Земјата, за 46.250 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 01:14