Руски воени авиони вчера упаднаа на најголемата воена вежба на НАТО од завршувањето на Студената војна, ризикувајќи со таков инцидент да предизвика војна со 29 земји-членки на Алијансата.
Војниците на американскиот команден брод „Маунт витни“ се собрале на палуба и го набљудувале надлетувањето на двата авиони Ту-142 во близина на брегот на Норвешка.
Тие не набљудуваа и ние нив ги набљудувавме, изјави полковник Гарт Менџер од британската Кралска морнарица, задолжен за оперативни должности на бродот на американската воена морнарица. Русија потврди дека два авиона Ту-142 извршиле претходно планиран лет над неутралните води на Норвешко Море.
Пентагон тврди дека рускиот авион прелетал 500 метри од американскиот воен брод, кој е дел од најголемата воена вежба на НАТО, во која учествуваат 50.000 војници, 65 бродови, 250 авиони и друго.
Русија минатата недела објави дека ќе тестира ракети во регионот за време на вежбата на НАТО, која ја нарече „антируска“.