На патниот правец Скопје – Велес пред наплатна станица Сопот поради одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се работи на расчистување на одронот и нормализација на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 09:27