Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, очекува во блиска иднина да се воведат посебни даноци за роботи, кои би придонеле за зачувување на работните места на луѓето.
– Благодарение на оваа идеја дека роботите ќе ни помагаат да произведуваме повеќе стоки и услуги со помалку човечка работна сила, ние престанавме да ја гледаме работата како единственото нешто за коешто сме се родиле. Тоа води кон прашањето и за забавување на процесот на автоматизација, нагласи милијардерот. Според него, не треба да се дојде до целосна замена на луѓето со роботи на нивните работни места.
– Предметот на оданочување обично е капиталот или работната сила, а роботот е вид капитал, додава Гејтс.
Тој оцени дека тоа нема да значи забрана на производството на човековидни роботи и на организацијата на производството, во кое тие учествуваат. Системот за даноци ќе биде обмислен така што претприемачите ќе сакаат да ја земат предвид можноста да вработат и луѓе.