Здружението Национален ромски центар организираше креативен хепенинг по повод одбележувањето на денот „Ромска Гордост“ во Куманово, како дел од проектните активности од кампањата ,,ДОСТА! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите! “ и одбележување на денот „Ромска Гордост“ поддржан од Кампањата Доста! програма на Советот на Европа. На хепенингот учествуваа околу 140 ученици од основните училишта од Куманово, кои цртаа, меѓусебе се дружеа и испратија пораки за надминување на предрасудите во заедниците.

– Хепенингот се организира со цел, учениците сликовито да се искажат против предрасуди, стереотипи и дискриминацијата. Учесниците на хепенингот ќе добиат маици на која ќе бидат испишани пораки, цитати, слогани или насликани креативни дела кои беа дефинирани на работилницата. Целиот настан ќе биде проследен со музика и ќе биде документирано преку фотографии и видео материјал од кое ќе се изработи креативно видео, изјави координаторот на проектот, Ирфан Мартез. Оваа е четврта година како Национален Ромски Центар ја имплементира кампањата ,,ДОСТА! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите! “ во соработка со основните и средните училишта од Куманово. Кампањата се реализира со цел да се влијае врз перцепциите за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку промовирање вредности на ромскиот народ и нивниот придонес во општеството, како и создавање на подобра слика за Ромите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 11:24