Седум основни училишта во Скопје од денеска ќе започнат со реализација на Проектот Сообраќајни училишни единици во организација на СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Како што појаснија организаторите, овој Проект е во функција на зголемување на безбедноста во соообраќајот.
Сообраќајните училишни единици ќе функционираат во рамките на општината и ќе ги предупредуваат сите несовесни учесници во сообраќајот кои нема да ги почитуваат сообраќајните правила со цел зголемување на безбедноста на учениците при нивно доаѓањe и заминување од училиште.