Во прилепскиот Центар за јавно здравје денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип. За Прилеп се обезбедени 2.000 бесплатни и 800 вакцини кои чинат по 650 денари.

Според епидемиолог доктор Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје, од изутрината се вакцинираат граѓаните, а пензионерите над 65 години и со пензија помала од 14.480 денари ги користат тие 2.000 бесплатни вакцини

– Овие граѓани треба да донесат упат од матичен лекар преку мој термин и со чек од пензијата може да се вакцинираат бесплатно. Има интерес и вакцинанцијата се спроведува без проблеми, рече Станимировиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 15:58