Александар Ставрев одново ќе има евро обврски во Лигата на Европа. Имено тој е делегиран за главен судија на средбата меѓу Краснодар и Стандард Лиеж, меч од „Ј" групата во ЛЕ, кој се игра в четврток со почеток во 18:55 часот.
На Ставрев ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти ќе биде Гоце Петрески. Додека линиски судии ќе бидат Дејан Јакимовски и Димитар Мечкаровски.