Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 26 војници осомничени за поврзаност со организацијата ФЕТО, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Главното обвинителство во Анкара утрово ги издала наредбите за апсење на војниците кои служеле во командата на копнените сили. Во тек е операција во 14 области на земјата.

До сега се уапсени 20 војници, а полицијата ја продолжува потрагата по останатите шест осомничени.

Според турските власти, групата ФЕТО на Фетулах Ѓулен кој живее во САД е одговорна за обидот за преврат во Турција во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 17:32