По смртта на украинската активистка, Катерина Ханџук, Европската Комисија изрази сочувство и побара од украинските власти брза и ефикасна истрага.

Ханџук, 33-годишната активистика, во јули беше нападната со киселина и беше оперирана единаесет пати во болница. Таа почина вчера во Украина.

Ханџук беше позната активистика против корупцијата.

ЕК изрази сочувство до нејзиното семејство и побара двојно поголеми напори од украинските власти за брза и ефикасна истрага.

– Потребни се напори да се прекине загрижувачкиот тренд на напади врз активисти и новинари, изјави денеска ЕК преку портпарол.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан вчера твитна дека нападите врз активистите од граѓанското општество се неприфатливи и дека одговорните за овој „грозоморен злостор“ мораат да бидат изведени пред органите на правдата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 17:57