Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и претседателот на Куба, Мигел Диас-Канел се договорија да ги прошират и зајакнат стратешките односи.

Диас-Канел, заедно со сопругата вчера пристигна во Пјонгјанг. Тој на аеродром беше пречекан од Ким.

Севернокорејските медиуми објавија дека двајцата лидери ја истакнале заедничката социјалистичка историја на двете земји и ветиле солидарност.

Диас-Канел стапи на должност во април годинава. Тој во Пјонгјанг пристигна од Москва, каде имаше средба со рускито претседател Владимир Путин. Предвидено е претседателот на Куба утре да го посети Пекинг, а потоа ќе отпатува за Лаос и за Виетнам.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 18:10