Цените на нафтата паднаа во понеделникот на меѓународните пазари, иако стапија на сила американските санкции против Иран кој најави дека ќе ги крши и ќе продолжи да извезува сирова нафта, имајќи предвид дека се најавени можни изземања од санкциите.
Барелот сирова нафта на лондонскиот пазар во претпладневното тргување во понеделникот поевтини за 30 центи, на 72,53 долари, а за исто толку цената на барелот падна и на американскиот пазар, каде што се тргуваше по цена од 62,84 долари. На двата пазара цените на нафтата се пониски за повеќе од 15 отсто во однос на највисокото ниво во последните четири години коишто во еден момент беа достигнати на почетокот од октомври.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави во понеделникот дека цената на нафтата на нејзината референтна кошница во петокот изнесувала 71,36 долари, што значи дека паднала за 1,28 долари во однос на претходниот трговски ден.
Американските санкции за Техеран стапија на сила во понеделникот. Во одговорот на нив, иранскиот претседател Хасан Роухани во обраќањето на државната телевиија порача дека Иран ќе ги крши санкциите и ќе продолжи да продава нафта. Вашингтон овозможи изземања од примената на санкциите за некои земји, а во петокот објави дека привремено ќе дозволи осум увозници да продолжат да купуваат иранска нафта.
„Влијанието на санкциите ќе биде многу ублажено поради овие отстапки“, вели Сурфеит Виџајакар, директор на консултантската компанија „Trisect“.
Нафтените пазари со месеци се подготвуваа на овие санкции и најголемите проиводители ја зголемуваа производството, потсетуваа Reuters. Вкупното производство на најголемите светски производители на нафта, како Русија, САД и Саудиска Арабија, во октомври првпат надмина 33 милиони барели нафта дневно, што е околу 10 милиони барели дневно во однос на 2010 година.
Роухани порача дека Иран ќе ги крши санкциите
Иран ќе продолжи да продава нафта со што ќе ги крши санкциите коишто САД повторно му ги наметнуваат на иранскиот енергетски и банкарски сектор откако Вашингтон во мај годинава се повлече од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и шесте светски сили, со кој за сметка на ограничувањето на збогатувањето ураниум беа укинати децениските економски санкции.
„Америка сака целосно да ја скастри иранската продажбата на нафѕа, но ние ќе продолжиме да ја продаваме нашата нафта за да им застанеме на крајот на санкциите“, порача иранскиот претседател Хасан Роухани во телевизиското обраќање до нацијата.
САД привремено од санкциите ќе ги изземат осумте земји коишто и натаму ќе можат да купуваат иранска нафта и по воведувањето на новите санкции во понеделникот, чија цел е да се принуди Техеран да ги ограничи своите нуклеарни активности, иако меѓународните експерти потврдија дека иранската страна се придржува до својот дел од договорот. Целта, всушност, е да се задоволат амбициите на сунитските арапски земји од регионот на Блискиот исток и на Израел, кои стравуваат од ширењето на влијанието на шиитски Иран во земјите како Ирак, Сирија, Либан и Јемен. Кина, Индија и Турција, кои се најголеми увозници на иранската нафта објавија претходно дека ќе продолжат со оваа трговија, и покрај можноста од американска одмазда, но ставени се од страна на Вашингтон на листата со осум земји заедно со Јужна Кореја и Јапонија, и се очекува дека ќе имаат привремена дозвола за тргувањето и покрај санкциите, за да се обезбедни стабилноста на цените на сировата нафта.
„Денес непријатело ја има на мета нашата економија, а главната цел на санкциите е нашиот народ“, рече Роухани. Додаде дека, меѓутоа, иранското водство не стравува од влијанието на санкциите на државната економија. „Ова е економска војна против Иран, но Америка треба да научи дека не може да го користи својот јазик, ниту сила против Иран. Подготвени сме да му се спротиставиме на секој притисок“, порача иранскиот челник.
За да опстане овој важен договор, другите земји потписнички на нуклеарниот договор настојуваат да ја одржат трговијата со Техеран и покрај скептицизмо и американските закани со санкции, што предизвика летово големите германски и француски концерни да се повлечат од инвестициите на иранскиот пазар. Иран во понеделникот објави дека е во контакт со другите потписнички на договорот од 2015-та и дека за воспоставување на механизмот за продолжувањето на трговијата со Европската унија ќе биде потребно уште извесно време.
ЕУ против, Израел ги подравува санкциите
Европската унија се противи на одлуката на САД повторно да воведат санкции чија цел е иранскиот енергетски и финансиски сектор, порача еврокомесарот за економски и финансиски прашања во понеделникот, додека израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман ја поздрави одлуката на Вашингтон.
„Европската унија тоа не го одобврува“, рече Московиси за радиото FranceInfo, само неколку часа откако американските санкции стапија на сила. Вашингтон со новите санкции опфаќа 300 нови ограничувања од иранскиот нафтен, бродоградежен и банкарски сектор, како и за сектор осигурување.
„Смелата одлука на претседателот Трамп претставува промена којашто Блискиот исток ја чекаше. Со еден потег САД му задаваат критичен удар иранското утврдување во Сирија, Либан, Газа, Ирак во Јемен. Претседателе Трамп, повторно тоа го сторивте. Ви благодарам“, изјави израелскиот министер за одбрана Либерман.
Израле е една од неколкуте земји кои ја поддржаа одлуклата на Трамп за повлекување од иранскиот нуклеарен договор и повторното воведување санкции на Техеран.