Американската компанија „Старбакс“ во третото тримесечие од годинава оствари приход од продажба од 6,3 милијарди долари, што е за 10,6 отсто повеќе од минатата година.
Зголемувањето на приходот е резултат на повисоките цени на производите во САД и зголемена продажба во Кина.
Најголемиот светски синџир за кафе на својот најголем пазар во САД се бори со конкуренцијата помеѓу најдобрите кафулиња и синџири за брза храна. Како одговор на тоа, компанијата затвори неколку кафулиња кои имаа лоши резултати. Во исто време, дозволи компанијата „Нестле“ ексклузивно да продава пакувани „Старбакс“ кафиња и чаеви низ целиот свет, при што преку швајцарската компанија оствари приход од 7,15 милијарди долари.
– Во фискалната 2019 година влегуваме со агенда за раст фокусирана на нашите пазари со долгорочни стапки на раст – САД и Кина, изјави извршниот директор на компанијата, Кевин Џонсон.