Во Општа болница Велес склучени се договори за вработување на неопределено време на осум лекари од кои, пет се по општа медицина.

Како што појаснуваа од болницата тие петмина општи лекари ќе бидат упатени на специјализација согласно програмата за стручно усовршување на ЈЗУ Општа болница Велес, по следните специјалности: Клиничка педијатрија, Радиологија, Општа хирургија, Гинекологија и Неврологија.

Воедно изминатата недела се вработени и три лекари специјалисти и тоа по гинекологија и акушерство, психијатрија и физикална медицина и рехабилитација.

Од болнцата посочуваат дека тие и понатаму продолжуваат со нивните барањата до надлежното Министерство за здравство да одобри нови вработувања за нови лекари и друг медицински кадар кој недостасува во велешката Општа болница.

Тие очекуваат трендот на нови враборувања во болницата да продолжи.

Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на велешката болница на 18 септември годинава на новинарско прашање за вработување нови лекари и друг медицински кадар, појасни дека потребите со медицински кадар во болницата ќе се пополнуваат согласно нејзините потреби.

Директорот на ЈЗУ Општа болница д-р Митко Стровјановски, тогаш информира дека болницата има потреба од 41 ново вработување од кое најмногу, 27 за медицински кадар.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 19:58