Европската централна банка (ЕЦБ) и ја одзема лиценцата на малтешката банка Пилатус поради сомнеж дека банката перела пари. Барањето за замрзнување е поднесено од малтешките финансиски власти.
Банката Пилатус беше предмет на истражувачки стории на малтешката новинарка, Дафне Каруана Галициа, која беше убиена минатата година. Новинарката ја обвинуваше банката дека пере пари за клиенти од Азербајџан.
Според извори во медиумите, Европската комисија сега размислува за можни санкции против Малта поради начинот на кој властите управувуле со оваа банка.
Малтешките финансиски власти побарале одземање на лиценцата само откако директорот на банката бил уапсен во САД во март поради кршење на санкциите против Иран.
Европската банкарска власт отвори две истраги лани поради начинот на кој малтешките власти управувале со банката Пилатус. Едната од овие истраги дошла до заклучок дека имало сериозно недостатоци и дека не биле преземени соодветни мерки.