Полицијата го уапси Франческо Амато, кој денеска држеше заложници во пошта во италијанскиот град Пјеве Модолени.

Амато пред излегување ослободи уште двајца од четворицата заложници, а засега не е познато дали сам се предал или полицијата влегла во поштата.

Амато прво зеде 12 заложници и се закани дека ќе ги убие доколку не му биде овозможена средба со министрите за внатрешни работи и одбрана Матео Салвини и Елизабета Трента. Италијанските медиуми јавија дека подоцна Амато ослободил седуммина клиенти и еден вработен во поштата.

Амато минатата недела билосуден на 19 години затвор поради вмешеност во организиран криминал. Тој е еден од 125 обвинети, кој е осуден минатата недела поради учество во мафијашката група Ндрангета.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 20:50