Здружението за одржлив развој „Сфера Македонија“ од Битола заедно со партнерски организации денеска го претстави проектот „Дизајнирај ја твојата работа“, финансиран од програмата Еразмус плус на ЕУ за Западен Балкан.

Станува збор за акција поврзана со соработка за иновации и размена на добри практики, а со цел да се воочи еден од најголемите проблеми во регионот на Западен Балкан – невработеноста на младите луѓе и нивното масовно иселување од регионот.

– Го создадовме овој проект, со цел да се одговори на проблемот на невработеност и недостаток на работна сила во ИКТ секторот на ниво на Западен Балкан, но и цела Европа. Во секторот за информатички икомуникациски технологии (ИКТ) постојат големи можнисти за адресирање на овај проект, бидејќи ова е сектор кој што е во константен раст а со тоа постои и константна потреба на работна сила. Во многу држави во регионот не постои систематска програма која што би нудела ИКТ-прекваливикација на млади невработени луѓе од регионот, информираа од Сфера-Македонија.

Програмите ќе им бидат доставени и да се користат од Агенциите за вработување во вклучените држави во проектот, со цел да ги преквалификуваат невработените луѓе кои што неможат да најдат соодветно работно место според завршеното образование.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 21:44