Францускиот шампион ПСЖ ќе се соочи со УЕФА во судот, откако беше обновена истрагата против ПСЖ за нарушување на финансискиот фер-плеј.

Спортскиот арбитражен суд во Лозана пак објави дека случајот е доверлива и не даде детали.

Одамна шампионот на Франција е под истрага од страна на Европската централа поради правилата за финансиски фер-плеј, а поради оваа причина клубот не доби 20 милиони евра од освоената сума во Лигата на Шампионите во 2014 година.

Случајот е обновен од септември и не се знае дали ПСЖ ќе поднесе жалба на одлуката на УЕФА за тоа.

Исто така, постои и слична истрага против турскиот гигант Галатасарај.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 22:42