За да се избегнат несакани инциденти, Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, се реши за Белград да не отпатува со швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири, на дуелот против Црвена Звезда во рамки од 4. коло на Лигата на шампионите.
Поради „орелот“ на Шаќири на Светското првенство во Русија, навивачите во Србија беа гневни на овој негов потег па иако нема да биде дел од тимот на Ливерпул, сепак се очекува делиите да го „поздрават“ во нивни стил.