Печатот не е економска инвестиција за мене, туку повеќе граѓански ангажман, изјави чешкиот милијардер Даниел Кретински кој купи акции во дневниот весник „Ле Монд“ што предизвика негодувања.

– Сметам дека печатот е од суштинско значење за зачувување на традиционалните вредности на либералната демократија. Ако инвестираме во овој сектор, тоа е затоа што сум многу приврзан за вредностите на нашите општества, а она што денес го гледам во нивната еволуција ме плаши, истакна Кретински во изјава за францускиот весник „Лез еко“.

– Погледнете го истражувањето во Словачка на парламентарните избори пред две години: две третини од анкетираните млади луѓе велат дека гласале за неофашистите или популистите. Јас сум роден за време на комунистичкиот систем, ја знам цената на слободата. Денес, луѓето кои се информираат исклучиво со дигитална технологија, не се доволно вооружени да ја сфатат сложеноста општествените, економските и политичките прашања. Поради тоа, улогата на печатот, според мене, е од суштинско значење, изјави тој.

Досега непознат во Франција, 43-годишниот Даниел Кретински, кој е петти по богатство во Чешка, купи 49 проценти од акциите на францускиот инестициски банкар Матио Пигас, еден од главните акционери во холдингот „Нов свет” (Nouveau monde), кој го контролира весникот.

Редакцискиот колегиум изрази „изненадување од шокантната вест“ за промените во акционерската структура и истакна дека внимателно ќе ги следи последиците од влезот на Кретински во капиталот на весникот.

Кретински веќе е присутен во неколку француски списанија како што се неделникот „Мариан“. Тој исто така е на пат да преземе редица големи списания като „Ел„ и „ТВ 7 дена“ (Télé 7 jours).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 10:23