Списанието „Пипл“ го прогласи британскиот глумец Идрис Елба за најзгоден маж за 2018 година.

– Кој би помислил?! Ви благодарам, „Пипл“, и на сите обожаватели кои ме прогласија за „Најсекси жив маж“. Почестен сум и благодарен. Но, поважен е вашиот глас на претстојните избори. Вашиот глас чини разлика, напиша Елба под објавата, обраќајќи им се на Американците.

Елба е и музичар, познат како Ди-Џеј Биг Дрилс, а има и своја модна линија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 13:20